Бебе Магазин | 2010-07-04 00:00:00
Доаѓањето на второто дете е прекрасно и возбудливо случување, но што се случува со првороденото дете кое одеднаш престанува да биде единец и станува поголем брат или сестра? Без оглед дали вашето дете има две, четири или десет години, треба да помине период на приспособување и подготовка за доаѓањето на новото бебе. За среќа, постојат некои работи што вие како родители можете да ги направите за да ги подготвите децата за нивната нова улога. Еве неколку совети.
Постарите браќа и сестри се посебни. Често повторувајте им колку е важ-на и сериозна нивната нова улога, како за нив самите, така и за вашето се-мејство. Исто така, постојано кажувајте им колку вам ви се потребни.
Задавајте им посебни должности, во согласност со нивните години и мож-ности и укажете им на фактот дека нивниот помал брат или сестра нави-стина имаат потреба од нив. Ако детето е помало, задавајте му некои по-лесни задачи, како што се додавање пелени, креми, облека за бебето и слично. Помогнете му на вашето дете да научи да ја цени помошта што ја барате од него. Истовремено не претерувајте со зачестените приказни за бебето. Вашето постаро дете е уникатно, посебно и треба да биде сигурно во вашата љубов.
Не планирајте и не воведувајте големи промени - ова е време кога на де-тето му треба сигурност и рутина. Големи промени, како што е одвикнува-ње од пелени, преместување од една во друга соба и слично, не се препо-рачливи бидејќи може да предизвикаат стрес како кај детето, така и кај целото семејство.
Ако се уште го доите постарото дете, нема никаква причина да престанете за време на бременоста или кога ќе се роди бебето. Многу мајки имале можност да согледаат дека доењето во тандем е вистинска благодат и прекрасен начин на зближување на децата. Кога детето ќе согледа дека се уште за него има место во вашиот скут, помали се шансите да биде љу-боморно на бебето.
Разговарајте со постарото дете бидејќи децата разбираат многу повеќе отколку што ние мислиме. Поминете заедно одредено време разговарајќи за големото случување - кажете му што ќе се случи кога ќе одите во поро-дилиштето, каде ќе биде тоа за тоа време и што се може да очекува.
Ако планот на породувањето вклучува раѓање дома или во родилиште кое што дозволува присуство на другите членови на семејството, размислете за тоа и вашето постаро дете да биде дел од одборот за пречек на новото бебе. Децата што се покрај мајката во моментите на породувањето, веро-јатно многу побргу ќе го прифатат бебето како дел од семејството, наме-сто да го доживеат како натрапник.
* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.
ana velkoska
26.07.2010 14:57
Siljanoska Ivona
27.08.2010 12:35
sandra paneva
17.09.2010 11:27
TINA TALEVSKA
18.09.2010 17:07
naza kerimi
09.12.2010 09:55
josifovski viktor
09.02.2011 20:35
sinanoska almra
20.05.2011 21:29
Во продажба е јануарскиот број на Бебе Магазин. Во него читајте за: