Маја Данковиќ | 2010-07-02 00:00:00
Изборот да се има дете е почеток на еден од најголемите животни предизвици, а периодот на бременоста е една од најдинамичните фази во животот на една жена. Паралелно со растот на бебето што го носи, жената претрпува постепена физичка трансформација на телото и е подложена на редица физиолошки адаптации кон плодот, кои не секогаш се пријатни. Покрај тоа, современата жена треба да се ин-формира и да ги познава фазите на бременоста, промените што настануваат во секоја од нив, да соработува со лекарот што ја води. Од неа се очекува да ги прис-пособи животниот стил и навиките за бременоста да биде здрава и да резултира со раѓање здраво дете. Низ историјата докторите го мереле времетраењето на бременоста од неколку точки кои ги сметале за соодветни: ден на последна мен-струација, овулација, фертилизација и хемиска детекција. Типичното траење е око-лу 40 недели ако за референтна точка се земе датумот на последната менструаци-ја. Традиционално овој период понатаму се дели на три еднакви периоди, односно тримесечја.
Дијагностицирањето на бременоста бара повеќестран пристап. Постојат три глав-ни дијагностички алатки: анамнеза и физикален преглед, хормонски иследувања и ултразвук (УЗ).
Утврдувањето на бременоста традиционално се базира на анамнезата, тоа се по-датоците што ги дава пациентката и физикалниот преглед. Од интерес се сите ас-пекти на менструалниот циклус, односно од пациентката се очекува да ги опише времетраењето на циклусот, датумот на последната менструација, траењето, обилноста итн. Фактори што може да влијаат врз утврдувањето на раната бреме-ност се атипичен и/или нередовен менструален циклус и употреба на контрацепти-ви. Дополнителна компликација во интерпретацијата на добиените податоци прет-ставува и фактот што дури 25 проценти од жените имаат некаква форма на гени-тално крварење во првото тримесечје.
Класичната презентација на бременост кај жена со регуларен менструален циклус е изостанување на циклусот повеќе од 7 дена од просечната должина, проследено со мачнина и со повраќање, генерализирана слабост и осетливост на градите.
Постојат и повеќе објективни знаци кои докторот може да ги забележи при прегле-дот. Така, на бимануелен преглед матката е зголемена, грлото на матката е зголе-мено и меко (Хегаров знак, присутен по шестата недела), пигментацијата на грлото на матката се менува (Шадвиков знак присутен од 8 до 10 недела), градите се осетливи на допир и друго. Денес овие знаци имаат генерално само историско зна-чење поради тоа што со користење на хормонските иследувања и ултразвукот, бременоста се потврдува далеку пред кој било од тие знаци да се појави.
Во бременоста се менува регуларниот метаболизам на женските хормони, естро-гените и гестагените. По имплантацијата, односно всадувањето на оплодената јај-це-клетка во лигавицата на матката почнува секрецијата и на еден хормон кој е ка-рактеристичен за бременоста, тоа е хуман хорионски гонадотропин (хСГ). Тој хор-мон има огромна улога во понатамошната секреција на прогестерон, хормонот кој е одговорен за задржување на бременоста. Целата таа спрега има цел да се одр-жува лигавицата на матката во состојба која овозможува понатамошна исхрана на ембрионот.
Низ историјата постоеле повеќе обиди за детекција на бременоста преку мерење на количеството одредени хормони. Како најефикасен тест до денес се задржал тестот што го определува количеството на бета подединицата на хСГ (бета хСГ). Најголем дел од тестовите за бременост што може да се употребуваат во домаш-ни услови се базирани на квалитативното одредување бета хСГ во урината. Најче-сто тие се употребуваат една недела по изостанокот на регуларниот циклус, иако во последно време постојат и тестови кои, според производителот, може да бидат употребени и по доцнење на циклусот од три дена.
Иако широко достапни и едноставни за употреба, домашните тестови за бреме-ност имаат и ограничувања во смисла на стапката на детекција на бременоста и веродостојноста на резултатот. Така, наспроти фактот што производителите на ре-чиси сите комерцијално достапни тестови за бременост тврдат дека резултатите се 99 проценти сигурни, најдобрата стапка на сензитивност според достапната лите-ратура е околу 83 проценти, а реалната е поблиска до 60 проценти, по употреба на еден тест. Тоа се должи на фактот што нивоата на бета хСГ во урината во првите недели од бременоста се екстремно варијабилни и често се под прагот на детекци-ја на овие тестови. Покрај лажно негативни, повремено се можни и лажно позитив-ни резултати заради интеракција на тестот со молекули со слична структура на бе-та хСГ. Од друга страна, испитувањето на нивото бета хСГ во серумот на пациен-тките, кое се прави во здравствените установи, има многу поголема сигурност. Та-ка бета хСГ е детектибилен кај 98 проценти од пациентките во 11. ден по концеп-цијата, односно пред очекуваната менструација. Стапката на грешка се движи од 0.01 до 2 проценти во зависност од методот и од лабораторијата. Таквите испиту-вања, покрај откривање бета хСГ, истиот и го квантифицираат што има имплика-ции во одредувањето на вијабилноста на бременоста.
Ултразвукот долго време се користи во водењето некомплицирани бремености за одредување на гестациската старост на плодот и скрининг за фетални аномалии. Иако рутински не би требало да се користи за дијагностицирање бременост, ваги-налниот ултразвук е најточниот метод за верификација на интраутерина бреме-ност и процена на гестациската старост за време на првото тримесечје. Во завис-ност од „староста“ на бременоста, ултразвучно се визуелизираат различни структу-ри. Најпрво се визуализира гестацискиот сакус во кој по петтата недела може да се идентификуваат и дискретни елементи за присуство на ембрион. Срцевата ак-ција на ембрионот може да се детектира по шестата гестациска недела. Вијабил-носта на бременоста може да се процени дополнително од интерпретацијата на морфологијата на одредени елементи.
Д-р Марјан Стојовски, Клиника за гинекологијa
* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.
stojcevska mare
11.07.2010 14:04
Marija Chuknieva
19.07.2010 21:41
Blagica
20.07.2010 11:01
marija
11.09.2010 19:41
Emilija Paunovska
07.01.2011 02:31
Ljubica Doneva
12.01.2011 19:44
margarita
16.01.2011 19:23
bojana andnova
01.02.2011 21:41
tina
13.02.2011 21:32
draganaaaaaaaaaa
03.05.2011 10:06
Во продажба е јануарскиот број на Бебе Магазин. Во него читајте за: