Бебе Магазин | 2012-01-28 17:40:24
На децата им е потребен многу свеж воздух. Ова е лесно да се каже, тешко е точно да се одреди, а уште потешко е да се изведе. Бебињата, како и поголемите деца кои престојуваат на свеж воздух и во проветрени простории се многу поздрави и поретко заболуваат од респираторни инфекции. Доколку нема ветер или дожд, детето треба секој ден по два до три часа да се изнесува надвор, но, во ладните зимски денови, некои мајки излегувањето надвор го сведуваат на минимум, што поради временските услови, што поради тоа што се плашат дека ладниот воздух може да го настине детето. Во најлоши случаи, има бебиња кои во текот на целата зима, дење и ноќе престојуваат во многу затоплени простории. Последиците од тоа се гледаат во бледата боја на кожата, изгубениот апетит и малаксаноста.
* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.
Во продажба е јануарскиот број на Бебе Магазин. Во него читајте за: