дома O архива O контакт O RSS O

Сакајте го своето бремено тело

Бебе Магазин | 2011-09-07 10:06:44

Број 62 Посетено: 1329

Многу жени успеваат да ги поминат бременоста и породувањето со позитивна енер­ги­ја, но не е ретка појавата многу од нив да чувствуваат како самодовербата им се на­ма­лу­ва во постпородилниот период.
http://img.bebemagazin.mk/large_pics/pozitivno2.jpg

Во текот на бременоста важно е да се чувствувате задоволна со себе. Жената која се чув­ству­ва така ќе пристапи позитивно кон промените што ги доживува нејзиното тело во бре­ме­но­ста, при породувањето и по тоа. За жал, не сите трудници имаат позитивна сли­ка за себе за време на бременоста. Да се биде задоволна од самата себе додека те­ло­то поминува низ огромни промени, може да биде многу тешко за некои жени и за­тоа тие имаат потреба од голема поддршка од пријателите и од семејството.

Труд­ни­ци­те може да се чувствуваат негативно или позитивно кон себе. За некои проб­лем може да биде промената во телесната тежина. Многу трудници имаат некаква чуд­на врска со своето тело која се базира на љубов-омраза. Толку е голем притисокот во оп­штес­тво­то да се биде слаба, атрактивна и витална, што некои жени за време на бре­ме­но­ста не можат да го постигнат тоа. Тие се секогаш уморни, се здебелуваат и се бо­рат со промените на своето тело, врз кое воопшто немаат контрола.

За други жени, бременоста е навистина позитивно искуство. Се чувствуваат најздраво во својот живот и задоволни се од промените на телото, па велат дека бременоста би­ла најдобриот период во нивниот живот.

Нор­мал­но е расположението и сликата за себе да варираат за време на бременоста. Те­шко е да се чувствувате задоволна и витална кога се веднете над тоалетот за да по­вра­ти­те или кога тешко дишете и имате несоница. Многу трудници почнуваат да се чув­ству­ва­ат негативно кон своето тело во последните месеци од бременоста.

Парт­не­рот не е единствената личност која може значително да влијае врз рас­по­ло­же­ни­е­то на идната мајка. Семејството и пријателите исто така можат да помогнат. Но, за жал, многу бремени жени често се подложени на примедби кои можат да им влијаат не­га­тив­но. Обидот да им угоди на сите очекувања за тоа како треба да изгледа и да се од­не­су­ва една идна мајка, може да влијае разорно врз самодовербата на трудницата.


 


Прочитајте повеќе во септемврискиот број на Бебе магазин




Одберете дали се работи за коментар или прашање:

* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.

Коментари:
(сите коментари ќе бидат одговорени во печатеното издание на Бебе Магазин)
x