Бебе Магазин | 2010-07-04 00:00:00
Кога една двојка ќе реши да се разведе, луѓето најчесто имаат сериозни причини за тоа. Разводот ќе има голем личен и економски ефект врз се-мејството и често децата се тие што најмногу се засегнати. Тие неизбежно ќе почувствуваат тага кога родителите се разведуваат.
Што и да решите да сторите за детето, имајте ги на ум неговата возраст и нивото на разбирање. Многу луѓе „ги забораваат“ децата во текот на разводот. Тие забораваат на децата да им кажат што ќе се случи. За малите деца е крајно вознемирувачко кога ќе им се соопшти дека мама и тато се разведуваат.
За децата е подобро да се свесни дека нивните родители размислуваат за развод. На пример, може да им се каже: „Мама и тато имаат некои пробле-ми. Не знаеме како се ќе заврши, дали ќе се разведеме или ќе најдеме друго решение. Работиме напорно за да ја решиме таа ситуација“.
Не ги инволвирајте децата во вашите дискусии. Тие само треба да се свес-ни што се случува. Ако децата на една двојка уште од порано знаат дека нивните родители може да се разведат, тие нема да паднат во очај кога разводот конечно ќе се случи. Секое дете учи дека отвореноста е добра работа и дека е во ред да се разговара за проблемите.
Всушност, искреноста во тие случаи е задолжителна. Кога детето ќе праша нешто, одговорете без да лажете, дури и ако треба да го спомнете раз-водот и она што може да се случи во иднина. Треба да ги познавате реак-циите на детето и да разговарате за тоа како се чувствува. Од родителите се бара и одредена самодисциплина. Разводот често е многу тежок за надминување, но понекогаш децата мора да се стават на прво место и да им биде дозволено да ги изразат нивните фрустрации.
Децата ќе имаат две главни грижи - тоа што ќе бидат одделени од едниот родител и ќе жалат што оригиналното семејство веќе не постои. Децата ќе се чувствуваат загубено. Нивното природно место во семејството веќе не е исто.
Поголемиот број од децата си зацртуваат „тајна мисија“ повторно да ги здружат родителите. Ако ги прашате, тие ќе одговорат дека повеќе сакаат родителите да останат заедно, наместо да се разведат. Тоа се случува дури и кога бракот бил многу тежок. Децата им се екстремно лојални на ро-дителите. Тие често ќе негираат и ќе ги кријат нивните вистински чувства.
Многу деца се чувствуваат виновни кога им се разведуваат родителите. Тие сметаат дека тоа не би се случило ако се однесувале подобро или ако биле подобри ученици. Важно е на децата да им објасните дека тие не го предизвикале разводот. Децата треба да знаат дека разводот е резултат на тоа што родителите не можеле да ги решат меѓусебните проблеми.
При развод, децата често искусуваат конфликт во лојалноста кон родите-лите. Кога се со едниот родител, се чувствуваат виновни затоа што не се со другиот. Важно е, како родител, да му кажете на детето дека е во ред да поминува време со другиот родител. На детето кажете му дека знаете дека тоа сака да биде со дотогашниот партнер и дека тоа е во ред.
Разговарајте со децата. Бидете отворени, слушајте ги децата кога ги изразуваат своите чувства. Тие може да бидат лути, исплашени или загрижени. Секој реагира според сопствените чувства, а тоа важи и за децата, иако за родителот може да е болно кога ќе чуе како одлуката за развод толку ги погодила неговите деца. Дури и ако децата и родителите многу разговара-ле на таа тема, и по несаканиот развод понекогаш може се зборува за тоа.
За разговор одберете го времето кога и родителите и децата се чувствуваат добро. Прашајте го детето дали сака да знае нешто повеќе. За децата многу значи кога ќе имате отворен разговор. Ако не можете тоа сами да го направите, најдете некој кој може, на пример, професионалец.
Децата може да се изразуваат и без зборови. Играта за нив е многу битна. Играјте си со детето, дозволете му да ги изрази чувствата. За децата ќе биде потребно да се ослободат од тензијата со помош на енергични игри.
Цртањето може да му помогне на детето. Децата често цртаат работи што за нив имаат големо значење. Прашајте ги за нивните „уметнички дела“, тоа ќе биде добар начин да почнете разговор за тоа како децата се чув-ствуваат. Родителите не треба да им кажуваат не децата дека не им се допаѓа тоа што го слушаат.
Родителите никогаш не треба да го критикуваат својот бивш партнер пред децата. Децата знаат дека имаат двајца родители и може да почнат да се чувствуваат дека се „лоши“ како и „бившиот“. Кога родителот го критикува стариот партнер, родителот, всушност, го критикува детето.
Децата не треба да бидат „поштари“ за родителите по разводот. Ако на ро-дителот му е потребно нешто да му каже на бившиот сопружник, тоа сами-от треба да го направи. Ако на родителите им е тешко да разговараат во четири очи, би требало да напишат писмо. Не е фер да се користи детето како пренесувач на пораки.
* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.
Во продажба е јануарскиот број на Бебе Магазин. Во него читајте за: