дома O архива O контакт O RSS O

Претераната хигиена е штетна

Бебе Магазин | 2011-09-14 09:54:22

Број Број 61 Посетено: 878

Нормална хигиена, здрава исхрана, доволно сон и престој на отворено се најдобри сојузници во јакнењето на одбранбената сила на детето.
http://img.bebemagazin.mk/large_pics/forum.jpg




Дали би му дозволиле на детето да си игра во песок, да ги става во уста играчките со кои се забавувало друго дете претходно и дали би му дозволиле да јаде храна што паднала на подот? Најверојатно, вашиот одговор гласи не. 


Денес, кога низ светот се продаваат разни антибактериски сапуни, лосиони, гелови и влажни марамчиња, можеме да кажеме дека сме свесни за бактериите повеќе од кога било. Меѓутоа, стручњаците се почесто истакнуваат дека одредено ниво на изложување на детето на бактерии не е штетно, всушност, дури е и корисно. 


Сепак, постои начин да ја ограничите изложеноста на децата на микроорганизми, а во исто време да им овозможите да го развијат имунолошкиот систем на оптимален начин. Научете ги децата правилно да ги мијат рацете. Не ви се потребни антибактериски сапуни за да ги убиете сите микроорганизми што ќе ви се најдат на рацете - водата, обичниот сапун и препорачаната техника на миење на рацете ќе послужат сосема добро. Научете ги децата во текот на миењето секогаш да користат топла вода, добро да ги насапунат рацете и темелно да ги исплакнат. Тоа значи дека ќе мора да ги измијат деловите од кожата што се наоѓаат меѓу прстите. Миењето на рацете завршува со темелно плакнење, исто така, со топла вода. 


 







Одберете дали се работи за коментар или прашање:

* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.

Коментари:
(сите коментари ќе бидат одговорени во печатеното издание на Бебе Магазин)
x