Бебе Магазин | 2010-07-04 00:00:00
Никој не ви кажал дека ќе дојдат такви денови. Добро заздравува-те по породувањето и тоа што имате бебе за вас претставува сон кој се ос-твари. Не постои ништо што би ве направило несреќни. Па зошто се чув-ствувате осамени и изолирани од вашиот „реален“ живот?
Осаменоста може да се појави во секој момент. Тоа е она чувство во стомакот како да тонете, кога ќе посакате мајка ви да живееше побли-ску или кога ќе почувствувате завист дека вашиот сопруг секој ден се из-молкнува од домот и оди на работа. Тоа е она чувство на празнина што се појавува во вас бидејќи мислевте дека ќе чувствувате еуфорија, но не е така. А тука е и вината затоа што посакувате да си го повратите животот од периодот пред да дојде бебето.
Добредојдовте во клубот на осамените мајки, оној во кој ретко која жена признава дека е присутна бидејќи е тешко да се помири со тоа дека, иако премногу го сакате вашето бебе, ви недостасува вашиот стар начин на живеење. А воедно, станувањето мајка може да го доживеете и како шок.
Но, зошто се чувствувате така, особено ако долго време сте поса-кувале да имате бебе? Според психологот Вирџинија Малин, ние повеќе се фокусираме на нашата бременост, отколку на станувањето мајка, така што може и да не бидеме подготвени кога новороденчето навистина ќе пристигне.
- Да имате бебе значи моментална промена во животот и работата на кои сте биле навикнати. Не е чудно што се чувствувате изолирани, оса-мени и исплашени - вели Вирџинија.
Добрите вести се дека не сте сами кога станува збор за емоциите, а постојат многу начини на кои може да се изборите со осаменоста.
Дел од чувството на осаменост на станувањето мајка е чувството дека сте отуѓени од пријателите со кои сте се дружеле пред да пристигне бебето, а кои немаат деца - тие се уште одат на работа, излегуваат во ка-фулиња кога ќе ги завршат обврските, додека вие сте заглавени дома, ме-нувајќи пелени и чувствувајќи се како попладне да ви е потребен пијалак.
Потребни ви се нови пријатели, не грижете се, нема да мора да ги откачите старите, кои ги разбираат позитивните и негативните страни на мајчинството. Често излегува дека другарите што ќе ги стекнете додека се грижите за бебето, ќе ви останат добри доживотни пријатели.
Породилното отсуство за вас претставува одлична шанса да го проширите вашиот социјален круг, а постојат многу начини за тоа да го постигнете. Останете во контакт со мајките од часовите за бременост ако сте ги посе-тувале.
Денес постојат и класови по јога за бремени жени. Обидете се и да се со-бирате на места каде што одат бремените идни мајки и каде може да до-биете многу информации за бебињата. Се разбира, за повеќе информации на оваа тема, слободно може да сурфате и на интернет.
Разговорот за тоа како се чувствувате е многу важен. Обидете се вашите чувства да ги искажете пред некоја личност која ќе ве разбере и која нема само да ви вели да се приберете. Вашиот лекар е добра појдовна точка - тој нема да ви суди или да ве критикува. Најверојатно ќе ви понуди многу решенија за тој проблем и ќе ја посочи постпородилната депресија како причина за вашата несреќност.
Не воздржувајте се да разговарате за вашите нервози, негативни мисли, вашите чувства на љубов и омраза кон бебето - да, и тоа може да се поја-ви! - и сите други сложени емоции за кои сте свесни дека се појавуваат. Вирџинија советува: Многу ќе ви олесни кога ќе откриете дека постојат други луѓе со слични проблеми и дека тие проблеми, всушност, може да бидат поделени.
Кога вашиот партнер ќе појде на работа, очајот за тоа како да ги исполни-те часовите од денот стои пред вас. Ако на денот му дадете структура, ќе почнете да се чувствувате како да имате контрола, што е одлично. Засега, се што бара вашето бебе е внимание во одреден ден од денот, така што вашата дневна рутина треба да се врти околу неговите потреби. Гледајте тоа да е сито, одморено и барем еднаш дневно излезете за да сретнете со друга возрасна личност.
Добро, не сакате да наидете на друга мајка за да разговарате за бебиња - тоа е јасно, особено ако заздравувате по сложено породување, ако се приспособувате на новите навики на спиење кои се неизбежни кога имате новороденче или ако сте срамежливи по природа. Но, дури и ако не сакате мешање во друштво, би требало барем да се обидете да излезете на про-шетка или да повикате некои пријатели на гости. Основниот начин на кој ќе почнете да се чувствувате подобро не е да се изолирате од сите.
Ако немате доволно храброст да се вмешате во локалните групи за мајки и бебиња, знајте дека е потребно време за да ги запознаете луѓето и дека вреди вие да го направите првиот чекор.
Средете понекогаш бебето да & го оставите на вашата мајка, на вашиот партнер или пријател за да имате еден или два часа да „избегате“. Појдете на кино, запишете се на некоја активност што отсекогаш сте сакале да ја пробате, појдете да си купите нешто или јавете му се на некој пријател и седнете на кафе. Да имате слободно време да направите нешто неповрза-но со животот на вашето бебе, ќе ве освежи во голема мера и ќе направи повторно да се чувствувате добро.
Дали се обидувате да се снајдете во новонастанатата ситуација?
Ако вашата осаменост е комбинирана со обидот да се снајдете со новона-станатата животна ситуација и ако имате недостиг од енергија или ако откриете дека ви е тешко да се поврзете со вашето бебе, можеби претста-вува знак дека страдате од постнатална депресија. Важно е да разговара-те со вашиот лекар кој може да ви понуди советување или лекови. Постпо-родилната депресија не е нешто од што треба да се срамите. Неа ја пре-дизвикува хемискиот дебаланс и е многу вообичаена појава. Со правилна помош, лесно ќе ја надминете.
* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.
VENUS
11.07.2010 09:55
oki
28.07.2010 16:57
cleopatra
31.07.2010 18:47
aleksandra petreska
07.01.2011 00:54
Во продажба е јануарскиот број на Бебе Магазин. Во него читајте за: