Маја Данковиќ | 2010-07-04 00:00:00
Младите родители што првпат добиваат дете често пати се недоволно ин-формирани за некои физиолошки и минливи појави што може да се срет-нат кај новороденчето.
Поради тоа што нема доволно развиено поткожно масно ткиво, кај новоро-денчето се видливи дишните движења, а воедно и пулсациите на срцето, што е сосема нормална појава и не треба да загрижува.
И кај машките и кај женските деца може да постои зголемување на млеч-ните жлезди. Таа појава се должи на присутните естрогенски хормони кои во текот на бременоста поминуваат од мајката кај фетусот. Може лесно да се почувствуваат на допир во пределот на дојките на децата. Појавата понекогаш е проследена со лачење млеко (познато во народот како „ве-штеркино млеко“). Многу е важно на родителите да им се објасни причина-та за таа појава и да им се укаже дека не е потребен никаков третман (стискање). Зголемените млечни жлезди речиси секогаш спонтано се пов-лекуваат во текот на првите неколку недели. Потребно е само трпение.
Нормално е стомакот на бебето да изгледа голем (над градниот кош) и на-дуен. При плачење можно е кожата на стомакот во средниот дел да се из-дигнува меѓу две мускулни траки, појава што е нормална и исчезнува со растењето на детето, во првите неколку месеци.
Многу родители се загрижени за изгледот и третманот на папочната врв-ца. Таа содржи три крвни сада (две артерии и една вена) опкружени со слуз. По породувањето, папочната врвца се подврзува (вообичаено се ко-ристат пластични штипки за таа намена) и се пресекува. На тој начин бебе-то се одвојува од постелката. Третманот на остатокот од папочната врвца вклучува сушење и секојдневно чистење (најчесто се користи 70-процен-тен алкохол) с$ додека папочето спонтано не отпадне. Вообичаено тоа се случува за 10-14 дена и кај најголем број од децата без компликации. Во тек на тој период папчето ќе го менува изгледот, од бело преку жолто до темнокафено кога е сосема исушено (мумифицирано) и тоа е сосема нор-мално. Доколку се појави црвенило на околната кожа или има жолт исце-док, потребно е да се консултира педијатар бидејќи тоа може да биде по-четок на инфекција. Пожелно е консултација и преглед да се направи кај секое дете (по отпаѓање на папчето) бидејќи папочната рана може да има и други компликации, како што се крварење или гранулом. И во тие случаи е потребен ран и соодветен медицински третман.
Капење во кадичка со потопување на папчето се препорачува дури тогаш кога е тоа сосема суво и затворено.
Умбиликални кили се многу честа појава кај новородените деца. Прстенот од мускули околу папочната врвца е широк и тој овозможува промовира-ње на цревата со издигнување на кожата на абдоменот во тој регион. Ова е нагласено кога детето плаче или се напрега при празнење на цревата. Тие кили генерално се бенигна појава и се безболни за детето. Најголем дел од нив се затвораат спонтано во текот на првите години од растот на детето, а ако тоа не се случи, може со едноставен хируршки зафат да се коригира поради естетски причини. Постои контроверзност во литература-та за ефикасноста на користењето одредени „стегачи“ кои се препорачу-ваат за килите.
Прим. д-р Марина Поп-Лазарова
* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.
jasmina krstevska
08.07.2010 17:26
irena stojcevska
20.10.2010 15:33
Во продажба е јануарскиот број на Бебе Магазин. Во него читајте за: