дома O архива O контакт O RSS O

Не сега, драги

Бебе Магазин | 2010-07-04 00:00:00

Број Нема број Посетено: 5723

Вие и вашиот партнер порано ги поминувавте ноќите смеејќи се со шише вино или пакувајќи се во последен момент за да заминете на романтичен викенд. Сега, се што може да направите е да се буните дека веќе немате пелени или дека заедно сте седеле на каучот само половина час пред да заспиете.
http://img.bebemagazin.mk/large_pics/zena-maz4.jpg

Вие и вашиот партнер порано ги поминувавте ноќите смеејќи се со шише вино или пакувајќи се во последен момент за да заминете на романтичен викенд. Сега, се што може да направите е да се буните дека веќе немате пелени или дека заедно сте седеле на каучот само половина час пред да заспиете. За вас може да претставува вистински шок кога ќе откриете де-ка бебињата земаат навистина голем данок од вашата врска. Но, кога ќе станете родители, не значи дека никогаш повеќе ќе немате време отколку само да кажете: „Подај ми ги влажните марамчиња за бебето“. Со само не-колку едноставни чекори ќе може многу полесно да ја поминете промена-та кога од двојка ќе станете тројка. 


 


Сè се менува


Моментот кога и двајцата ќе избувнете во плач кога ќе го здогледате ва-шето прекрасно новороденче ќе сфатите дека работите веќе никогаш нема да бидат тоа што биле досега. Но, кога еуфоријата, балоните и цвеќињата ќе исчезнат и ќе ви ги отворат очите кон пумпите за млеко и бебешките какушки, не изненадува тоа што врската со партнерот ќе претрпи промени.
Експертите велат дека вашиот цел свет се менува кога ќе добиете дете и дека тоа е нормално. Но, вие мора да се приспособите на новото присус-тво, за тоа да не стане ваш „затвор“.
Да се справите со таа промена, значи да се ставите вие самите во преден план, наместо да им се повинувате на добронамерните посетители вложу-вајќи во нив време и енергија. Всушност, за да задржите добра рамнотежа, треба да ви се јасни сите приоритети. На преден план е бебето, а веднаш потоа следува врската со вашиот партнер, не пријателите.


Мора да спиете


Додека не дојде бебето на свет, не сте знаеле колку истоштено и слабо сте се чувствувале после непреспиена ноќ. А кој во тие моменти посакува љубовни игри кога тежнеете само по еден добар сон. Кога сме будни, не можеме да размислуваме логички кога ќе се појави некој проблем.
Така, ако веќе не можете да издржите без сон, препорачливо е да си обезбедите барем една дремка. Чекајте бебето да заспие, па легнете со него, или менувајте се со партнерот на смени. Алармот наместете го на 20 минути (не повеќе бидејќи ризикувате да се разбудите уште попоспано) . Тогаш затворете ги очите и дишете бавно и длабоко, вдишувајте преку нос, изди-шувајте преку уста, полека.
Не е важно дали не сте заспале цврсто - тоа ќе ви ги наполни батериите повторно.


Време со партнерот


Дури и да успевате да се наспиете, да поминувате доволно време со вашата друга половина, што не ја вклучува расправата чиј е редот да ја смени валканата пелена, е навистина тешко. Но, наоѓање време за нешто такво е неопходно. Вистински чекор ќе претставува обидот да заборавите на рас-правите за малите проблеми и да се сконцентрирате на големите. И секо-гаш ќе се исплати потрагата по време што ќе го минувате со партнерот.
 


Разговарајте, разговарајте


Главниот начин на кој ќе го одржите квалитетот на вашата врска е да му овозможите на партнерот да дознае како се чувствувате и како ќе се справите со проблемите што ги носи животот со новото бебе. Во сабота наутро по појадокот, испланирајте за тоа што ќе се случува наредната недела. Обидете се да најдете одговор на прашањето како ќе се справувате со проблемите.
Сепак, добрата страна на сето тоа е кога се справувате со добрите и со лошите страни на чувањето бебе, малата личност што подеднакво ја сакате и вие и вашиот партнер, тоа ве зближува. Поминувањето низ проблемите заедно, го прави подобро тоа што досега сте го имале.


Бидејќи вие сега не сте само љубовници, туку и родители.


Да, вие сте семејство. 


 




Одберете дали се работи за коментар или прашање:

* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.

Коментари:
(сите коментари ќе бидат одговорени во печатеното издание на Бебе Магазин)

ime przime Sanja gjorgijoska

23.08.2010 18:00

1 moeto ednoipol godisno dete padna i gi skrsi dvata predni zabi (kecovite) koga ke mu porasnat novi zapcinja i dali tie ke bidat trajni Toa e moeto prasanje do vas odgovorete mi Ve molam mn. sum zagrizena
x