Д-р Надежда Арсовска-Милосављевиќ | 2010-07-04 00:00:00
Ако знаете како да го молзете и да го чувате вашето млеко, тоа може да ви помогне побрзо и помалку стресно да се вратите на работа. Потребно е само добро да се организирате.
Молзењето се практикува за да се собере мајчиното млеко кое ќе му се даде на бебето кога мајката не е дома за да го дои самата. Молзењето, исто така, значи и дека не мора секогаш кога сте дома да го доите бебето, туку може таткото или некој друг да го нахрани со шишенце со вашето од-молзено млеко, оставајќи ви простор да се одморите и наспиете. Молзе-њето може да се користи и за стимулирање на дојките да произведуваат што повеќе млеко, за собирање млеко за предвреме родените бебиња или за тие што не сакаат да цицаат. Доколку имате болки при доењето, молзе-њето повторно помага. И ако се разболите и лекарите ве посоветуваат привремено да го прекинете доењето, ќе имате одмолзено млеко како ре-зерва.
За молзење се користат електрични или мануелни пумпи, но може да се молзете и рачно. Вреди да се вложи напор во молзењето. Тоа ја одржува вашата врска со бебето, кое сепак ја внесува најважната храна - мајчиното млеко.
Ако планирате да се одмолзувате кога ќе се вратите на работа, почнете да вежбате неколку недели претходно. Можете да почнете веднаш откако бебето ќе се нацица или помеѓу две доења.
Научете како да ракувате со вашата пумпа за одмолзување. Научете и како да го чувате одмолзеното млеко, кое ќе му се дава на вашето бебе кога ќе тргнете на работа.
Можеби нема да добиете многу млеко кога ќе се молзете првиот пат. Но, по неколку дена редовно молзење, вашите гради повторно ќе почнат да создаваат повеќе млеко. Колку што повеќе млеко одмолзувате, толку по-веќе ќе создавате. Пијте доволно течности за да не дехидрирате.
Молзењето трае колку и доењето, но со редовна практика и со добро мо-лење, може да ги одмолзете вашите дојки за 10-15 минути. Кога сте на ра-бота, обидете се да се молзете толку често колку што вашето бебе вооби-чаено цицало или по околу 15 минути на неколку часа. Може да се одмоз-лувате и откако бебето ќе се нацица, што ќе ви помогне да создавате по-веќе млеко.
Да, млеко ќе има доволно. Вашето бебе сигурно ќе сака повеќе млеко до-дека расте. Најдобар начин да го зголемите количеството на вашето мле-ко е да доите или да одмолзувате што почесто.
Одмолзеното млеко може да се чува во пластични или стаклени шишенца или во стерилни чашки. Чувајте го млекото во количество колку што пие вашето бебе за да не фрлате. На пример, ако вашето бебе пие 100 мили-литри, пакувајте го млекото во чашките по толку.
Одмолзеното млеко треба да се чува на ладно во фрижидер, а може и да се замрзне. Запишете ја датата кога е одмолзено млекото врз чашката. Замрзнувањето уништува дел од антителата во млекото затоа не правете го тоа освен ако не морате. Но, сепак, замрзнатото млеко е поздраво од млечната формула.
На собна температура, млекото може да стои од четири до осум часа. Во фрижидер три до осум дена, а во замрзнувач до три месеци.
Одмолзеното млеко може да варира во бојата. Може да биде жолтеника-во, кафеникаво или синкаво. И за мајчиното млеко е нормално да се одво-јат мастите и да се кренат нагоре. Измешајте го добро шишето и содржина-та на млекото ќе се изедначи.
Ставете ја чашката со смрзнатото одмолзено млеко во сад со топла вода или ставете ја во фрижидер еден ден претходно. Не користете жешка во-да за да го одмрзнете. Никогаш не ставајте го во микробранова печка. Млекото може да се претопли и да го изгори јазичето на бебето. Загрева-њето во микробранова печка може да ги оштети важните протеини во мај-чиното млеко.
Одмрзнатото млеко може да остане во фрижидер 24 часа, но не треба по-вторно да се замрзнува.
Ако користите електрична пумпа, ставете го делот одреден за врз дојка-та, вклучете ја машината и оставете ја да работи. Таа ќе извлекува млеко од вашата дојка и ќе го собира во шишенце.
Мануелните пумпи, исто така, користат посебен дел за дојката, но сега вие го влечете механизмот и при тоа млекото се извлекува од дојката и се со-бира во шишенцето. Со електрична пумпа обично се потребни 15 минути за да се одмолзат двете дојки, додека со мануелна до 45 минути.
Добрите пумпи го имитираат цицањето на бебето и не предизвикуваат бол-ка. По молзењето добро измијте ја пумпата и стерилизирајте ја.
Ако треба одвреме-навреме да одмолзете по малку млеко за да го олес-ните надоаѓањето на млекото или за поретко хранење со шишенце, тогаш молзете се рачно. За тоа треба малку повеќе практика. Ако имате вовле-чени брадавици или ранички, можеби ќе треба прво малку да одмолзете, па да продолжите со доење. Измијте ги рацете пред да почнете. Потоа ставете ги палецот и прстите околу ареолата и стиснете. Притиснете ги прстите за да го истиснете млекото.
* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.
ivana janevska
31.08.2010 18:18
lucijana
13.10.2010 19:07
keti trajanovska
13.12.2010 14:13
Marica Markocska
26.01.2011 14:51
anonimna citatelka
27.02.2011 22:45
Во продажба е јануарскиот број на Бебе Магазин. Во него читајте за: