дома O архива O контакт O RSS O

Мамо, увцето ме боли!

Бебе Магазин | 2011-09-05 09:20:10

Број 62 Посетено: 641

Воспаление на надворешното уво е честа појава кај малите деца во летниот период, бидејќи тие престојуваат подолго време во вода, особено во малите домашни базенчиња. Ако инфекцијата не се лечи, таа се шири и ја зафаќа ушната школка, плунковите жлезди, а можат да отечат и регионалните лимфни јазли и болката да стане неподнослива. Болката се засилува при влечење на увото нагоре или при џвакање.
http://img.bebemagazin.mk/large_pics/uvo3.jpg

 


Уживањето на плажа и летниот семеен одмор не ретко се заменува со итно заминување дома поради честото и болно воспалување на детските ушиња. Најчесто се случуваат воспаленија на средното уво или воспаление на надворешното уво, односно на ушниот канал. И двата вида се подеднакво болни. Воспалението на надворешното уво се нарекува уште и „пливачко уво“, бидејќи главно е последица на пливање.


Во надворешната средина се наоѓаат бактерии, а нашиот организам има механизми како да се заштити од нивното продирање. Но,со оглед на тоа што увото е мала и вовлечена шуплина, лесно станува собиралиште на бактерии и габички. Поради тоа, увото има уште една заштита – кожата на ушниот канал на влезот поседува церуминозни жлезди, кои произведуваат таканаречена ушна маст (церумен), која служи како заштита на каналот од инфекции. 


При голтање и зборување, церуменот се истискува кон надвор и со чистење се отстранува. Меѓутоа, ако таа маст остане подолго време во каналот и се стврдне, станува како чеп и речиси во целост го затвора отворот на надворешниот ушен канал и детето може послабо да слуша, а може да се случи и сосема да престане да слуша. 


Ако во увото влезе вода при туширање или пливање, церуменот бидејќи е хидроскопичен (ја впива водата), набабрува и пациентот престанува да слуша. Состојбата се третира со перење на ушите кај специјалист за уво, нос и грло, бидејќи треба да се знае дека секое нестручно перење може да доведе до дупнување на ушното тапанче.


Примариус д-р Мери Александрова, специјалист по уво, нос и грло во приватната ординација „Д-р Мери“, објаснува дека доколку чепот е многу сув и не излегува, се користи раствор од трипроцентен хидроген или парафинско масло.


Прочитајте повеќе во септемврискиот број на Бебе магазин




Одберете дали се работи за коментар или прашање:

* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.

Коментари:
(сите коментари ќе бидат одговорени во печатеното издание на Бебе Магазин)
x