Бебе Магазин | 2010-07-04 00:00:00
Ако внимателно го слушаме своето бебе од првите месеци на животот, тоа може многу да ни каже за себе. Поттикнато од околината, во својата гласовна игра, поми-нува низ повеќе фази на развојот на говорот - вокализација, гугање, брборење с$ до 8-10 месеци, кога со удвојување и комбинација на слогови доаѓа до појава на првите целини кои носат вистинско значење. Тоа се првите зборови „мама“, „ баба“, „тата“. Паралелно со тоа, се развива и разбирањето на туѓиот говор.
Кон 21 месец детето треба да умее да кажува 8-10 збора со значење, да имитира звуци кои ги слуша, да именува една до две слики и со зборови да бара јадење или пиење. Постапно, фондот на зборови се зголемува, се појавува и првата реченица, сврзување на два основни збора, која во почетокот и не е потполна, но е доволно јасна и разбирлива за околината.
Според скалата на развојот на говорот, некаде во овој период се појавуваат и први-те потешкотии, кога родителите забележуваат дека нивното дете не зборува како неговите врсници.
Како што нормалниот развој е многу индивидуален и кај секое дете различен, така и сликата на забавениот развој на говорот може да е многу различна.
- Некои деца, кои инаку имаат уреден развој, па и разбирањето на говорот на други-те е присутно, многу малку или речиси воопшто не зборуваат, а се служат со гестови и со мимика кога нешто бараат.
- Кај други деца, пак, може да се забележи и недоволно разбирање на говорот на блиските. Освен што и самото воопшто не говори, често дури ниту не се огласува, па изгледа помалку како изгубено, пасивно, збунето, како да „не слуша“, забавено со играта или загледано во телевизорскиот екран.
- Или, пак, случаи кога детето, освен што не зборува, изгледа како да е во „свој свет“, не им се радува на блиските, не остварува контакти или се тие сосема површ-ни, не учи правила на однесување и самото се однесува како говорот воопшто да не го забележува.
Понекогаш родителите овој забавен развој на говорот го толкуваат како тврдогла-вост, мрзеливост или како генетско наследство (“и татко му беше таков“) . Често ги фаќа паника, поттикнати од коментарите на околината, блиските, па ја почнуваат „одисејата“ на барање помош, честопати и несоодветна. Тогаш е моментот да се по-бара стручна помош од логопед.
Многу е важно да се добие совет и да се почне со терапија што порано бидејќи дете-то, посебно ако е вклучено во градинка, веќе станува свесно за тоа дека се разли-кува од другите деца - слуша, а не разбира доволно или, пак, сака да одговори, но говорот му е нејасен и неразбирлив, нема совладано доволен фонд на зборови, па често останува неразбрано. Во спротивно детето страда, може да се повлече во се-бе, да се „откажува“ од комуникација, да стане раздразливо, луто, немирно, несреќ-но. На таквото дете му треба помош, како и на неговите родители за да го разберат, правилно да постапуваат со него и самите да придонесат во решавање на пробле-мот.
Надежда Арсовска-Милосављевиќ, дипл. дефектолог-логопед,
Завод за ментално здравје на деца и за млади - Скопје
* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.
Biljana M.
16.07.2010 09:10
Biljana M.
16.07.2010 09:10
maja angelovska
17.11.2010 15:02
stankovik t
02.12.2010 08:55
julija k
12.02.2011 14:04
Во продажба е јануарскиот број на Бебе Магазин. Во него читајте за: