дома O архива O контакт O RSS O

Крупни сипаници

Бебе Магазин | 2012-01-28 17:47:08

Број 66 Посетено: 1259

Варичелата е заразно заболување, кое најчесто се јавува кај деца од две до осумгодишна возраст, а се шири преку аерокапкова инфекција (кивање, кашлање, зборување) или преку директен контакт (допир) со заболеното лице. Обично инкубацијата трае од 10 до 20 дена, кога детето е заразно и ја шири инфекцијата.
http://img.bebemagazin.mk/large_pics/varicella.jpg


Варичелата, кај народот позната како крупна или овча сипаница, претставува акутно инфективно заразно заболување предизвикано од вирусна инфекција. Се работи за многу заразно заболување што значи дека многу лесно се шири и се заразуваат лицата кои што биле во контакт со заболениот. Настанува како резултат на примоинфекција со вирусот варичела зостер, кој припаѓа на фамилијата на вирусите херпес.


Ова заразно заболување е многу често во детската возраст. Најчесто се јавува кај децата од две до осумгодишна возраст, многу поретко кај возрасните кои не го прелажале ова заболување во детска возраст.


Малите доенчиња во првите шест месеци се заштитени преку трансплацентарниот имунитет од мајката. Заболувањето има сезонски карактер и најмногу се јавува во студените месеци есен-зима и рана пролет. Може да се јави во помал или поголем епидемиски карактер. Најчесто се јавува  кај колективни установи на живеење, јасли, градинки, училишта, претшколски институции слично. Токму ова  е и најчестата група на популација, која ја зафаќа ова заболување. Најчесто, болеста е со добар тек и исход.


Заразата не може да се шири преку носителот на вирусот, туку извор на заразата е само заболеното лице. Инфекцијата се шири преку аерокапкова инфекција (кивање, кашлање, зборување) или преку директен контакт (допир) со заболеното лице.


Откако вирусот ќе се внесе во организмот преку дишните патишта на горниот респираторен пат кои претставуваат влезна врата за овој вирус, тој се одржува и се размножува во новата средина, најчесто во белите крвни клетки (леукоцити). Така настанува виремија со манифестирање на симптомите и појава на клиничката слика на заболувањето. Најкарактеристичен е осипот од макуло-папуло-везикуларни ефлоресценции. Од тука, вирусот се шири по сите ткива и органи. Токму поради тоа кај ова заболување освен типичните надворешни промени кои настануваат  по кожата и слузокожата, промени се случуваат и во  внатрешните органи панкреас, бубрези, црн дроб и слично.







Одберете дали се работи за коментар или прашање:

* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.

Коментари:
(сите коментари ќе бидат одговорени во печатеното издание на Бебе Магазин)
x