Маја Данковиќ | 2010-07-02 00:00:00
Методите на контрацепција кај породените жени се разликуваат мини-мално од контрацепцијата кај другите.
Породувањето е најголема физиолошка промена и напор кај жената, по што заздравувањето трае најмалку од четири до шест недели. Како што поминува периодот на заздравување, така се обновуваат и останатите функции во организмот на жената заедно со либидото. Пред да се про-должат сексуалните контакти со партнерот, задолжително треба да се по-сети гинеколог, кој ќе ги прегледа родилните патишта и ќе ја посоветува жената како да се заштити од несакана идна бременост.
Кај жените што не дојат, обично менструацијата се регулира по два месе-ца. Во првите неколку месеци по породувањето нема овулација иако има менструален циклус. Кај жените што дојат, циклусот се регулира по не-колку месеци и можноста од несакана бременост е многу помала.
Најголема заблуда кај доилките е дека во периодот на доењето не може да се случи забременување. Дејството на хормонот пролактин е заслуж-но за работата на млечните жлезди и за лактацијата, а воедно го намалу-ва созревањето на јајце-клетката. Но, реално, по повторното воспоставу-вање на менструацијата, и покрај високото ниво пролактин, можна е спонтана овулација и бременост.
Постојат неколку методи за заштита на породената жена. Најстариот, но и најнесигурниот метод е прекинат однос, односно Цоитус интерруптус. При оваа метод мажот ејакулира надвор од вагината на партнерката.
Друг начин е да се внимава на плодните денови од циклусот, според ме-тодот на Огино Кнаус. При тоа, деновите во средината на циклусот, од 11 до 17 ден, се сметаат за плодни, а другите денови важат за неплодни. Но овој вид контрацепција може да се применува кај жени што имаат редов-на менструација.
Кондомот (презервативот) е исклучително добро заштитно средство од несакана бременост. Презервативите што се премачкани со спермици-ден крем постигнуваат практично стопроцентна заштита. Достапни се разни видови кондоми по состав, големина, мирис, боја. Но за жал, многу двојки не го употребуваат поради божемното намалено задоволство на мажот. Тој изговор не е вистинит и ова е најголемата причина за неупо-треба на кондомот, кој штити и од сексуално преносливи болести.
Дијафрагмата е гумена мембрана која се поставува на грлото на матката. Ја има во различни големини и поради тоа, на жената која сака да си вгради дијафрагма претходно треба да & се направи гинеколошки прег-лед за да се знае каква дијафрагма ќе & биде потребна. Дијафрагмата се става непосредно пред сексуален контакт и најчесто се комбинира со хе-миски средства со спермициден состав.
Постои и локална контрацепција, која може да биде во форма на вагина-лети, овули, кремови. Тие се користат непосредно пред половиот однос, а во комбинација со кондоми се стопроцентна заштита од бременост.
Хормонските таблети не се препорачува да се употребуваат за време на доењето поради можноста преку млекото да преминат кај бебето. Иако тоа е во минимални концентрации, сепак гинеколозите не ги препорачу-ваат овие таблети за време на доењето.
Спиралата спаѓа во најдостапните, најкомфорните и најсигурните средс-тва за заштита од бременост. Со сигурност може да им се препорача на жени после породувањето. Нејзиното еднократно поставување, долгиот период на употреба и големата заштита ги надминува останатите средс-тва за контрацепција во смила на сигурност. Во поново време како поси-гурна можност за контрацепција се нудат и хормонски спирали.
Како метод на крајна контрацепција е подврзување на јајцеводите и се-мените каналчиња.
Д-р Николче Дамчевски,
специјалист гинеколог-акушер од „Св.Лазар“
* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.
Marinela Puroska
06.12.2010 22:47
Kristina Hristovska
15.12.2010 13:08
Во продажба е јануарскиот број на Бебе Магазин. Во него читајте за: