Бебе Магазин | 2012-01-28 17:42:26
За да се осигурате дека вашето бебе е безбедно кога е ставено на задното седиште од автомобилот, изберете седиште што одговара на неговата возраст, висина и тежина. Постојат три главни видови автомобилски седишта - бебешки, конвертибилни - кабрио и седишта со засилувачи. Одберете кое е најдобро за вашето бебе, со тоа што ќе ги пресметате трошоците во првата година од раѓањето на бебето, вклучувајќи ја опремата, пелените, детската заштита и другите работи.
Бебешкото автомобилско столче, кое што се поставува на задното седиште од автомобилот, (погодно за бебиња до 9 до 16 килограми) одговара за бебе во текот на првата година и нешто повеќе.
Столчето за бебиња е помало од кабриолет седиштето и често доаѓа со рачка за полесно носење. Повеќето колички со стандардна големина, освен што се користат за шетање, можат да се сместат и како бебешко седиште во автомобил. Но, еден од главните недостатоци на ваквите детски седишта е финансискиот дел, односно, кога вашето бебе ќе го надрасне седиштето и ќе мора да купите конвертибилно седиште за во автомобил.
Бебешките седишта се за деца кои тежат околу 9 килограми, па и помалку, иако некои издржуваат тежина и до 16 килограми. Некои бебиња ги надраснуваат ваквите седишта уште во шестиот месец, а други немаат потреба од ново седиште до првиот роденден или подоцна. Но, бидете сигурни: безбедноста не мора да чини повеќе. Повеќето нови модели ги содржат сите индикатори за безбедно и правилно инсталирање на автомобилските седишта и се прилично сигурни.
Совет: Ако користите конвертибилно седиште за вашето новороденче, купете потпирачи за глава да се минимизира движењето на детето во седиштето.
* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.
Во продажба е јануарскиот број на Бебе Магазин. Во него читајте за: