дома O архива O контакт O RSS O

Како се дава анестезија на деца

Бебе Магазин | 2012-01-28 17:38:16

Број 66 Посетено: 444

Децата како посебно суптилна група пациенти имаат потреба од медицински пристап, кој ќе го намали стравот од болница. Секој влез во болница предизвикува страв од повеќе работи, но најмногу од болка. Одвојувањето на детето од родителите е емоционален страв, кој може да остане во меморијата како непријатно искуство. Затоа, целокупниот медицински тим треба да обезбеди методи со кои престојот во болница ќе биде комфорен, пријатен, без болка, без страв од бели униформи.


Децата како посебно суптилна група пациенти имаат потреба од медицински пристап, кој ќе го намали стравот од болница. Секој влез во болница предизвикува страв од повеќе работи, но најмногу од болка. Одвојувањето на детето од родителите е емоционален страв, кој може да остане во меморијата како непријатно искуство. Затоа, целокупниот медицински тим треба да обезбеди методи со кои престојот во болница ќе биде комфорен, пријатен, без болка, без страв од бели униформи.


Одделот за анестезија во „Ре-Медика“ има за цел детето што побезболно да го доживее искуството со неопходната оперативна интервенција и анестезија. Пријателски однос, користење речник близок на децата, просторија опремена со слики и играчки, бои кои предизвикуваат пријатни чувства, се дел од методите кои се користат во „Ре-Медика“ за постигнување на таа цел.


Оперативната интервенција е процес во кој се инволвирани лекари од неколку специјалности. Приодот е заеднички и во подготовката на детето учествуваат педијатар, хирург и анестезиолог. Од големо значење е да се воспостави контакт со детето, со цел да ни каже што очекува од престојот во болница. Борбата со страв од болка започнува уште со првиот разговор.


Анестезиолозите се грижат за предоперативната подготовка, анестезијата, постоперативната нега и обезболувањето. Детето доаѓа во болница со родител и во ниту еден момент во будна состојба не е одвоено од него. Откако ќе се постави индикација за оперативна интервенција, педијатарот и анестезиологот го прават иницијалниот преглед на детето. Родителот ни ги дава сите неопходни податоци за неговата здравствена состојба. Запознавањето е на ниво и со речник близок на детето, со цел да ја здобие нашата доверба и блискост. Доколку се исполнети сите предуслови за сигурно одвивање на операцијата и анестезијата, во договор со хирургот се договара датумот на интервенцијата. Целата подготовка се врши амбулантски и детето не мора да се хоспитализира. 


Во предоперативниот период, 30 минути пред интервенцијата, на детето му се дава премедикација со цел да се намали вознемиреноста при влез во оперативниот блок. Родителот влегува во оперативниот блок со детето, и од моментот кога се буди повторно е до него. Родителот ја напушта Единицата за интензивна нега кога анестезиолог проценува дека виталните параметри се стабилни и дека детето е обезболено. 


На крај, детето добива диплома за храброст во тек на анестезијата, како спомен на тимот кој се грижел за него. 


 


Д-р Маргарита Ловач - Чепујноска,


Оддел за анестезија и интензивно лекување, Ре-медика





Одберете дали се работи за коментар или прашање:

* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.

Коментари:
(сите коментари ќе бидат одговорени во печатеното издание на Бебе Магазин)
x