Бебе Магазин | 2010-07-04 00:00:00
Сите ние се нервираме понекогаш. Тоа е природно човечко однесување. А кога станува збор за родители и деца, таквите ситуации може да се пре-творат во сериозен проблем.
Она што загрижува е дека, според некои истражувања, на родителите кои често го губат трпението, неретко им се случува да го удрат нивното дете или цицалче. И самото природно однесување на децата, како што е фрлање играчки на подот, плачење без причина, правење нешто опасно, одби-вајќи да го сторат она што го бараат од нив или покажување агресија, мо-же понекогаш навистина да ве вознемири. Сепак, сето тоа е во рамките на нормалното однесување за децата што имаат помалку од три години.
Ако родителите не спиеле доволно, ако чувствуваат дека се под стрес, ако се нервираат додека се затворени дома или ако имаат финансиски проблеми, тогаш однесувањето на новороденчето може да предизвика тие да ја загубат контролата. Проблемот лежи во тоа што, кога ќе се изнерви-рате, вашето дете може да се исплаши. Она што еден ден детето ќе го направи, може да не ве изнервира премногу, но друг ден може многу да ве вознемири.
Не е необично да чувствувате дека децата намерно ве нервираат, сметаат експертите. Ова однесување може да е приказ на нивната независност или обид да го привлечат вашето внимание. Често децата почнуваат да врескаат бидејќи не се способни да ги изразат чувствата. А малите деца имаат кратка меморија, па можеби не можат да запамтат дека не треба да направат нешто.
Па, како да останете под контрола? Проблемот ќе го решите ако се прашате зошто реагирате покажувајќи бес. Дали сте уморни, дали ви е потребна пауза, да не сте цел ден затворени во куќата, дали би добиле по-мош ако се здружите со друга мајка?
Долгорочно гледано, ако откриете дека редовно го губите трпението, треба да се запрашате дали успевате добро да се наспиете и дали добивате доволно поддршка од вашиот партнер. Дали ќе имате полза од уште еден пар раце во куќата. Дали со поголема физичка активност ќе ви се намали нивото на стрес? Да не ви е потребно повеќе време да поминувате дома и да ги планирате моментите за релаксација? Понекогаш, само ако ја смени-те околината, може да направите голема разлика.
Најголемиот дел од родителите немаат потреба од професионална помош. Но, на кратко време, се исплатува да имате неколку едноставни стратегии. Во тоа може да ви помогне ако си повторувате: „Јас сум под контрола“ или „Ќе останам мирен“. И потсетувајте се дека сте возрасни и дека владеете со емоциите. Обидете се со длабоко дишење: вдишувајте броејќи до четири, издишувајте броејќи до четири.
Другите добри стратегии за смирување вклучуваат слушање на вашата омилена музика во цеде-плеер, а како алтернатива, излезете со детето на чист воздух. Или обидете се да му се јавите на некој пријател или роднина, или, пак, ако почувствувате дека ќе избувнете, бавно бројте до 10.
Друга идеја е да ја смените вашата рутина за оние „експлозивни“ моменти да не се толку стресни. Ако детето секогаш си игра додека го бањате, на пример може да почнете да го бањате наутро или да го замолите тато да ја преземе таа обврска.
Секогаш прашувајте се зошто вашето дете се однесува така? Дали е уморно, луто, гладно, дали му е досадно? Дали му посветувате доволно внима-ние? Дали вашиот дом е доволно безбеден за него?
Да научите како поефикасно да ја изразувате лутината е клучно за да останете мирни. Наместо и самите да почнете да се однесувате детски, мирно повторете си што не би требало да прави вашето дете. Лошото од-несување кај детето сопрете го така што ќе му го одвлечете вниманието, поканувајќи го на игра или гушкајќи го. Употребете и хумор, смешно лице или танцувајте на забавен начин.
Едно е со такво однесување да се справувате во домот, се разбира. Но, најголем дел од нас се плашат дека тоа може да се случи и на јавно место, како во супермаркет. Во тие моменти важно е да запамтите дека секоја мајка што има дете доживува такви ситуации. Знајте дека тоа е сосема нормално, дека не сте сами и дека не е ваша грешка.
Истражувањата покажуваат дека ангажирањето на детето е најдобар на-чин да се минимизираат непријатните ситуации во супермаркетите. Поба-рајте од нив да ви помогнат со купувањето или да ја туркаат количката. За помалите деца земете и играчка со која ќе се забавуваат.
Конечно, и ако се случи да избувнете, простете си. Не судете си премногу строго ако го загубите трпението. Извинете му се на детето за тоа што сте го направиле и објаснете зошто е лошо да го губите трпението. Гушнете се и продолжете смирено.
Не обидувајте се проблемот да го компензирате со нудење слатки закуски или со многу меко однесување. Учете од ситуациите и фокусирајте се на стратегии кои ќе ви помогнат да задржите контрола. Секогаш имајте на ум дека да се биде родител е тешка задача, па честитајте си за силата и по-стигнувањата при воспитувањето на детето, а не ги нагласувајте вашите слабости.
* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.
Julijana
03.08.2010 12:19
evgenija josevska
14.08.2010 12:55
Во продажба е јануарскиот број на Бебе Магазин. Во него читајте за: