Бебе Магазин | 2011-11-19 21:33:36
Гестациски дијабетес е вид на шеќерна болест, која за првпат се воочува во текот на бременоста. Се јавува кај 2 до 4 отсто од трудниците, а доколку не се лекува болеста, може да настанат компликации, како за мајката, така и за детето. Најчесто се дијагностицира по 24. гестациска недела. Ова е редок, но и единствен вид на шеќерна болест, која што е реверзибилна, односно се губи најчесто до шестата недела по породувањето. Во ретки случаи, може да продолжи и да се развие во дијабетес мелитус, затоа мајката треба да продолжи со контроли кај ендокринолог додека целосно не се повлече хипергликемијата. За нормализирање на гликемијата не е потребна понатамошна терапија. Инсулинска терапија што им е воведена на пациентките во текот на бременоста, обично се прекинува по породувањето.
Без оглед на гестацискиот дијабетес, доењето се препорачува. Жените кои имале ваков тип дијабетес треба да водат сметка за исхраната, за состојбата на ухранетост и за нивната физичка активност. Доколку вредностите се во нормала, неопходно е тестирање на секои три години.
Кај жените кои имале гестациски дијабетес во една бременост, постои голема веројатност дека болеста ќе ја добијат и во следните бремености. Од тие причини, неопходно е при планирањето на следната бременост да се контролира и одржува вредноста на шеќерот во нормала, три месеци пред бременоста и во првите три месеци од бременоста.
Ризик фактори
Според најновите препораки на специјалистите, доколку во почетокот на бременоста, во првите лабораториски наоди, се измери гликемија повисока од 4,4 ммол/л, неопходно е интензивно следење на гликемијата во текот на бременоста. Дијабетесот во бременоста е добро дефинирана болест, меѓутоа може да се јават низа компликации кои можат да го загрозат плодот и кои до пронаоѓањето на инсулинот сериозно го нарушувале здравјето на мајката.
Асистент д-р Татјана Гуржанова, специјалист гинеколог акушер во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, објаснува дека гестацискиот дијабетес подлегнува на други класификации од преегзистенцијален дијабетес и се појавува во бременоста во различна фаза.
- Најчесто, оваа состојба на хипергликемија или инсулинска периферна резистенција се повлекува по завршувањето на бременоста, но, во некои поретки случаи може да продолжи и да се развие во дијабетес мелитус. Ризичен фактор е и самата бременост со хормоните на постелката, која се однесува како жлезда со внатрешно лачење и битно го менува метаболизмот на трудницата сѐ со цел да му овозможи доволно енергетска материја (гликоза) на фетусот. Во принцип, кај секоја трудница има намалено искористување на гликоза од крвта, така што и интравенски да се даде гликоза, поспоро ќе исчезнува од крвта. Зголемена телесна тежина се смета исто за ризичен фактор – вели докторката Гуржанова.
Зголемен ризик за гестациски дијабетес имаат трудници постари од 25 години, оние со прекумерна телесна тежина, доколку постои семејна историја за дијабетес (прв степен на сродност). Потоа, доколку постојат податоци за нарушен метаболизам на глукоза, за лош исход од претходна бременост, за раѓање на дете со поголема телесна тежина од 4,1 килограми, за синдром на полицистични јајници.
* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.
Во продажба е јануарскиот број на Бебе Магазин. Во него читајте за: