Бебе Магазин | 2011-12-23 18:45:17
Не треба многу за да го разиграте вашето дете. Всушност, секогаш малите нешта прават детство исполнето со значајни сеќавања: мајката како запира на пат за да му дозволи на детето да се качи на дрво, дозвола да се скока на хотелскиот кревет, скокање во вирчиња по дожд... Најдобриот дел? Повеќето од тие шармери за децата се евтини или бесплатни.
Во тој дух, еве збирка на едноставни и евтини активности кои се помнат и кои ќе бидат светла точка во денот на вашето дете, но и во вашиот ден.
Ајде да кинеме
Можеби во прашање е звукот или задоволството од постојаната промена на нештата, но бебињата сакаат да кинат хартија. Наполнете една кутија со стари весници и непотребна пошта и понудете му ја на детето – од широката насмевка на неговото лице додека задлабочено работи нема ни да го забележите метежот што сте го направиле.
Кучешки денови
Би можеле да го однесете детето во Зоолошка градина, но немојте да се изненадите ако тоа заспие или ја претпочита фонтаната наместо орангутаните. Наместо тоа, пробајте да отидете во парк како што ќе може да гледа како си играат кучиња. Тоа е многу повозбудливо за него, плус нема да ве чини ни денар. Само бидете сигурни дека вие и детето се однесувате безбедно кон кучето.
Светкави игри
Исклучете ги сите светла, затворете ги завесите, земете рачна светилка, легнете на подот и подгответе се за шоу со тркалање. Нека игра светлината врз ѕидовите. Постаро бебе би сакало да проба да ја држи светилката, само не му дозволувајте да ја вперува кон неговите и кон вашите очи.
Танцувајте
Во вашата дневна соба, се разбира. Пуштете ја вашата омилена музика и танцувајте со бебето во раце. Тоа ќе биде на седмо небо – ќе ужива во трите омилени нешта: музика, нишање и блискост до вас.
Повеќе прочитајте во месечникот Бебе магазин
* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.
Во продажба е јануарскиот број на Бебе Магазин. Во него читајте за: