Бебе Магазин | 2010-07-02 00:00:00
Гестациски дијабетес е појава на дијабетес првпат во текот на бременоста, додека пре-гестациски значи појава на дијабетес пред бременоста. Болеста претставува нетоле-ранција на јагленохидрати или со други зборови зголемени вредности на нивото гликоза во крвта. Гестацискиот дијабетес се јавува кај 1 до 4 проценти од бремените жени.
Гестацискиот дијабетес се јавува најчесто во третото тромесечје од бременоста кога ве-ќе е завршена органогенезата на плодот и тој е веќе формиран, па затоа не води кон зголемен процент на аномалии на плодот. Болеста најмногу влијае врз растот на бебе-то.
Кај жени со прегестациски дијабетес се советува посебно набљудување уште во перио-дот на зачнувањето. Тие имаат потреба од дополнителни лабораториски анализи, сле-дење на крвниот притисок, прегледи на срцето, бубрезите, нервниот систем, очите и слично. Доколку пациентките користат орални антидијабетици, таблети со кои го регули-раат нивото шеќер во крвта, треба да прекинат со нивната употреба и да ги заменат со инсулинска терапија. Потребно е да го одржуваат нивото шеќер во крвта во нормални вредности пред да останат бремени и во текот на целата бременост, особено во првите три месеци додека трае органогенезата на плодот. На тој начин се намалува ризикот од појава на вродени аномалии кај плодот.
- Контролата на нивото гликоза и превенцијата на васкуларните компликации прават фертилната способност на пациентките да порасне. Добра грижа и правилно набљуду-вање на бременоста значи многу за здравјето на бремената жена и здравјето на нејзи-ното бебе - вели д-р Снежана Стојковска, специјалист гинеколог-акушер од „Ремедика“.
Причина за појава на гестациски дијабетес се хормоните од постелката кои се важни и помагаат за растот и развојот на бебето. Истите тие хормони можат да ја блокираат активноста на инсулинот во телото на мајката. На тој начин се јавува инсулинска рези-стенција на ткивата. Инсулинот е хормон кој е одговорен за одржување на нивото глико-за, шеќерот во крвта, на тој начин што им помага на ткивата во искористувањето на гли-козата. Ако ткивата станат резистентни во однос на инсулинот, се зголемуваат потреби-те од инсулин до трипати. Ако телото на мајката не може да ја следи потребата од инсу-лин, се јавува гестациски дијабетес. Како резултат на тоа се зголемува нивото шеќер во крвта.
Инсулинот не ја поминува постелката, но гликозата со останатите хранливи материи ја поминува и тоа води до високи вредности на гликоза во крвта на бебето. На тој начин бебето добива поголема енергија отколку што е потребна за неговиот раст и развој. Тоа води до појава на макрозомни плодови или „дебели“ бебиња. По породувањето кај но-вороденчињата може да дојде до проблеми со дишењето, да се јави ниско ниво гликоза во крвта или хипоглигемија, хипокалцемија, хипербилирубинемија, односно до потешка адаптација на новороденчето.
Гестацискиот дијабетес се дијагностицира преку одредување на нивото гликоза во кр-вта.
- Вашиот доктор преку ултразвук, биофизички профил, доплер и одредени лаборатори-ски маркери ја следи состојбата на вашето бебе. Пациентките се следат амбулантски. Понекогаш се наметнува и потреба од почести гинеколошки контроли - од два до чети-рипати месечно или контроли од ендокринолог и нутриционист. Гестацискиот дијабетес може да води до зголемен ризик за појава на покачен крвен притисок во бременоста, предвремено породување, чести уринарни инфекции. Потребата од хоспитализација се наметнува во случај на лошо регулиран дијабетес, појава на висок крвен притисок, ре-тинопатија. Оптимално време на породување кај добро регулиран дијабетес без други компликации е вагинално породување во термин. Кај пациентки со компликации тајмин-гот на породување зависи од актуелните клинички наоди. Во случај на појава на компли-кации или очекувана телесна тежина на плодот поголема од 4.000 грама, се препорачу-ва оперативно завршување на бременоста со царски рез - вели Стојковска.
Целта е да се одржи нивото гликоза во крвта во референтни граници. Тоа, според д-р Стојковска, се постигнува преку посебен режим на исхрана и одредена физичка актив-ност - пешачење или пливање.
- Понекогаш се наметнува и потреба од често мерење на нивото шеќер во крвта во те-кот на денот - наутро, пред оброк и 1-2 часа по оброк - како и потреба од инсулинска те-рапија. Докторот што ја следи трудницата може да назначи и потреба од дополнителни иследувања како мерење на кетоните во урината или во крвта. По породувањето, геста-цискиот дијабетес исчезнува и мајките немаат потреба од каков било понатамошен третман - вели Стојковска.
Појавата на гестациски дијабетес за два-трипати го зголемува ризикот за повторна поја-ва во следните бремености. Носи и ризик за појава на дијабетес мелитус тип 2 во пона-тамошниот живот. Одредни промени во животните навики може да помогнат во превен-ција на појавата на дијабетес. Пред се, регулирање на телесната тежина, правилна ис-храна и одреден степен физичка активност во траење од 30 минути дневно.
- Доколку се измерени високи вредности на гликоза во крвта после 6 до 12 недели од по-родувањето, тогаш се работи за дијабетес кој опстојува и тоа бара дополнителни исле-дувања и третман - објаснува д-р Стојковска.
Ризик-фактори за појава на дијабетес во бременоста се постоење позитивна семејна анамнеза за појава на дијабетес кај мајка, татко, брат, сестра, потоа пациентки со преку-мерна телесна тежина, пациентки со претходна бременост со дијабетес, чести абортуси во раната бременост, претходна бременост проследена со необјаснета смрт на плодот во матката или аномалии на плодот, породување на бебе со породилна тежина поголе-ма од 4.000 грама, пациентки над 25-годишна возраст.
Во однос на ризик-фактори, трудниците се поделени на пациентки со висок, среден или низок ризик за појава на дијабетес. Кај пациентките со висок ризик за појава на дијабе-тес потребно е да се одреди нивото шеќер уште во тек на првата посета кај гинекологот. Доколку таа е во нормални граници или со среден ризик, се прават дополнителни тесто-ви за скриен шеќер во крвта во периодот меѓу 24. и 28. гестациска недела. Кај пациентки со низок ризик докторот што ја следи бременоста одлучува дали воопшто има потреба од тестирање на шеќерот.
Маја Данковиќ-Баткоска
* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.
Eleonora Milanovska
13.06.2011 18:46
Во продажба е јануарскиот број на Бебе Магазин. Во него читајте за: