дома O архива O контакт O RSS O

Дадилка или клонирана мајка?

Бебе Магазин | 2010-07-04 00:00:00

Број 049 Посетено: 547

Кога ќе дојде моментот детето да се одвои од мајката и да се згрижи додека таа е на работа, секогаш постои дилема што да се одбере - градинка или дадилка. Да го даде-те во градинка и да стравувате дека ќе се разболува или да најмите дадилка. Но, ка-ко да ја одберете совршената жена што ќе го чува вашето дете?
http://img.bebemagazin.mk/large_pics/isidora velkovska so dadilka.jpg
http://img.bebemagazin.mk/large_pics/novkovski2.JPG
http://img.bebemagazin.mk/large_pics/Filipa so dadilkata Vesna.JPG
http://img.bebemagazin.mk/large_pics/Copy of novkovski1.jpg
http://img.bebemagazin.mk/large_pics/Filipa so Vesna2.JPG

 


Дадилка или клонирана мајка?


Кога ќе дојде моментот детето да се одвои од мајката и да се згрижи додека таа е на работа, секогаш постои дилема што да се одбере - градинка или дадилка. Да го даде-те во градинка и да стравувате дека ќе се разболува или да најмите дадилка. Но, ка-ко да ја одберете совршената жена што ќе го чува вашето дете?
Мајките секогаш поставуваат високи критериуми, дадилката се труди да ги исполни, но, всушност, детето е тоа што избира. Ако тоа ја прифати жената, тогаш сите ќе би-дат среќни и задоволни. Ако не, тогаш почнува вистинската пеколна потрага по совр-шена дадилка. Се алармираат сите роднини и пријатели, сите агенции зашто детето некој мора да го чува и тоа веднаш.


„Чудни“ барања


Мајките најчесто бараат жената што ќе го чува нивното дете да го сака приближно колку неа, но, од друга страна, пак, да не се зближи премногу, па таа да „се бори“ да ја замени мајката. Од дадилката се бара да биде чиста, внимателна, трпелива и да не пуши. Некои современи мајки имаат „чудни“ барања, како, на пример, „дадилката тре-ба да знае да се справува со целата модерна техника во станот“.
Ако кандидатката ги помине сите тестови и се вклопи во семејството, задоволството е двострано. Тогаш родителите плаќаат повеќе и не знаат на каков начин да & се заб-лагодарат на жената што толку грижливо го чува нивното дете.
Другиот избор е градинка, при што, за да ги запишат своите деца, родителите се ста-вени на листа за чекање. Од Министерството за труд и социјална политика велат де-ка во градинките има 21.200 деца и дека во последните години е забележан голем ин-терес за нивните услуги. Родителите во Скопје ги најавуваат своите деца неколку ме-сеци однапред и се жалат дека во државните детски градинки тешко се наоѓа слобод-но место. Причина се значително пониските цени за сместување во споредба со цена-та во приватните градинки или ангажирање дадилка. Сместувањето во државните градинки чини од 1.200 до 1.500 денари месечно, во приватните од 9.000 до 12.000 де-нари, а дадилката - околу 10.000 денари месечно.


Дадилка верник или со факултет?


Искуството на скопјанката Елена Новкоска, мајка на две деца, покажува дека дадил-ката е добра за одреден период од возраста на детето, некаде до четвртата година од животот. Кога тоа ќе почне повеќе да разбира и да учи, веќе му треба стручна по-мош, односно градинка, смета таа.
- Кога Лео имаше три години, морав да најдам жена што ќе го чува зашто во градинка постојано се разболуваше од бронхитис. Маре ја избрав следејќи ја интуицијата и од неа сум презадоволна. Го чуваше Лео една година, се додека му се подобри имуните-тот, и потоа повторно го дадовме во градинка - вели таа.
Елена смета дека дадилката, сепак, не е педагог и кога детето ќе порасне, таа веќе не може да работи со него, да учи, да вежба математика, за што се обучени воспитува-чите во градинките.
- Жената е прекрасна, но како негувателка. Најважно беше што Лео ја прифати, гле-дав задоволно лице на моето дете, а тоа за мене беше најважно. Сега таа чува друго дете, но Лео постојано контактира со неа зашто многу му недостига. Маре една година беше член на нашето семејство и се уште така ја доживуваме - вели Елена Новковска.
Мајката на осуммесечната Исидора, пак, имала малку потешко искуство. Марија Тале-ска-Велковски се обратила на единствената Агенција за бебиситерки.
- Бев многу пребирлива, бидејќи моето бебе е мало, а веќе доживеав лошо искуство со претходната дадилка која не се вклопи во моите очекувања. Бев среќна што сум нашла дадилка со факултет. Но, набргу видов дека тоа не е пресудно бидејќи жената многу тешко се снаоѓаше околу детето, имаше преголема телесна тежина, тешко & бе-ше да се наведнува, да го следи детето, премногу се потеше и постојано излегуваше на балкон за да пуши цигара - раскажува Марија.
Бидејќи не можела да ја научи дипломираната дадилка како да го вклучи шпоретот и како да пушти цртан филм на дивиди, Марија ја отпуштила за два дена. По некое вре-ме ја нашла сегашната дадилка, која во се ги задоволува нејзините критериуми.
- Таа има големо искуство, претходно чувала три деца, не пуши, здрава е и многу бргу се снајде во нашиот технички опремен стан. Мене ми е многу важно што дадилката е верник и мислам дека тоа ми е некаква гаранција дека нема да ме лаже, ниту да кра-де - верува Марија.
 


Да се грижи како мајка


Најважно е дадилката да се грижи за децата како што се грижи мајката. Тоа подраз-бира да биде трпелива со темпераментниот син, беспрекорно чиста со бебето кое не-ма ни година, а да не го запостави ниту најстарото дете, кое оди на училиште и веќе самото знае да си ги заврши основните работи. Ова се барањата на Маја Луевска, мај-ка на три деца.
- Имав среќа жената што сега ја чува Моника да биде со мене во текот на бременоста. Тогаш го чуваше синот кој сега има четири години и гледаше како јас се грижам за сво-ите деца. Сега кога одам на работа, може без проблем да го следи мојот пример. За-доволна сум од нејзиниот ангажман и редот што & го има направено на Моника. Бу-квално се раководи по часовник и се знае во колку детето станува, колку време си игра во оградичка, кога јаде, кога излегуваат на прошетка - вели Маја, која додава де-ка дадилката & е незаменлива и околу домашните обврски.


Ризик од зближување


Дадилката Мирјана Дукова има искуство со чување две близначки. Ги чувала од осум-месечна возраст до три години кога тргнале во градинка. Нејзиниот пример се разли-кува од другите искуства зашто таа живеела со децата, кои ја доживувале како член на семејството.
- Ги доживувам како свои ќерки зашто ги знам од нивното раѓање. И покрај тоа што се две, не можам да се пожалам дека ми било тешко. Беа лесни за чување бидејќи имаа ред за спиење, за јадење, за шетање, јас ги почитував нивните барања, но и тие моите. Секогаш кога ќе им кажев нешто да направат го завршуваа без никаков приговор или инает. Еден обичен ден изгледаше вака: Откако ќе станеа од спиење, веднаш појаду-ваа, потоа одевме на прошетка, по враќањето задолжително ги миевме рацете, играв-ме едукативни игри, по ручекот повторно излегувавме на воздух доколку времето бе-ше убаво, потоа гледавме цртани филмови, по вечерата читавме и легнувавме секо-гаш во исто време - раскажува Мирјана.
Таа, заедно со мајката, ги носела децата на лекар кога ќе се разболеле. Го придружу-вала семејството на честите патувања. Но, разделбата & паднала мошне тешко.
- Беше тешко и за нив и за мене, и затоа никогаш веќе нема да можам да работам како бебиситерка во друго семејство, бидејќи се плашам од повторно врзување - вели Мир-јана.

Маја Данковиќ-Баткоска



 




Одберете дали се работи за коментар или прашање:

* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.

Коментари:
(сите коментари ќе бидат одговорени во печатеното издание на Бебе Магазин)
x