Бебе Магазин | 2011-09-07 10:11:38
Епидуралната анестезија е еден од начините да се намалат породилните болки, при што се анестезира само еден дел од телото, додека жената е будна и свесна за се околу неа. За да се блокира болката во матката и во вагината, оваа анестезија се дава во рбетот, така што родилката не чувствува ништо од половината надолу. Како и другите медицински зафати, така и епидуралната анестезија има свои предности и маани.
Според д-р анестезиолог реаниматор, Розе Крстевска, епидуралната анестезија е најприменувана и најуспешна регионална техника за намалување на болките при процесот на породување, едноставна за спроведување и доста актуелна, особено во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, каде што таа е вработена.
- При примената на оваа анестезија потребен е епидурален катетер и локален анестетик кој се аплицира низ катетерот се до нервните завршетоци каде се блокира болката, која не доаѓа до свеста на родилката. Со епидуралниот катетер се постигнува контрола над сите видови болки, а може да послужи и како анестезија за изведување на цел оперативен процес. Овде е неопходно да се спомене и спиналната техника за обезболување, која се изведува поедноставно, со вбризгување на единечна доза на локален анестетик низ тенка спинална игла во спиналниот простор – објаснува д-р Крстевска, според која најбитно за употребата на епидуралната анестезија е желбата на мајката и добро обучен тим за реализација на оваа техника.
Успешна епидурална анестезија нуди безболна и свесна состојба во текот на целото породување. Ја става анестезиолог и не се дава додека не почнат породилните болки и одредено проширување на меките родилни патишта, околу 3-4 сантиметри.
Прочитајте повеќе во септемврискиот број на Бебе магазин
* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.
Во продажба е јануарскиот број на Бебе Магазин. Во него читајте за: