Маја Данковиќ | 2010-07-01 00:00:00
Бременоста може да ја погоди вашата кожа на повеќе начини. Ниеден од нив не е посакуван. Но, постојат нешта што можете да ги направите за да спречите, лекувате или да ги камуфлирате промените што ќе ги доживеете. Најважно е да одржувате основна хигиена.
Повеќето жени од бременоста наследуваат неколку линии на стомакот, гр-бот или на половината, како и на градите. Наследниот фактор игра голема улога во тоа дали ќе се појават стрии. Ако ги имала вашата мајка, голема е веројатноста дека и вам ќе ви се појават. Постојат повеќе лосиони и креми за кои се тврди дека штитат од појава на стрии или ги лекуваат. Но, не по-стои докажан третман или заштита од нив. Сите лосиони се добри за осло-бодување од чешањето што се јавува поради растегнувањето на кожата. Ако чешањето е особено нагласено, побарајте од вашиот лекар да ви пре-пише крема против чешање, која е безбедна во бременоста. По породува-њето, стриите ќе почнат да ја менуваат бојата и од црвени ќе станат сребре-ни или бели, се додека не станат едвај забележителни.
Маската на бременоста, како што популарно се нарекува мелазмата, е поја-ва на темни дамки или црвенило по лицето на трудницата. Почесто се јаву-ва кај трудниците со потемен тен. Изложеноста на сонце може да ја нагласи оваа појава. Затоа се препорачува да не се излегува многу на сонце и да се носат очила за сонце. Дамките обично исчезнуваат неколку месеци по поро-дувањето.
Користете тоник за одржување на влажноста со заштитен фактор 15 и со широк спектар на заштита од ултравиолетови зраци. Мијте го лицето со не-жен тоник на база на глицерин. Ако кожата ви е премногу сува, користете то-ник кој ја задржува влажноста на лицето.
Вашата кожа може да стане мрсна како последица на хормоните. Но, може и да се подобри, во зависно од тоа каков тип кожа имате. Ако имате мрсна ко-жа, мијте го лицето двапати дневно и одржувајте го влажно со безмасен ло-сион. Не легнувајте со шминка и држете ги рацете подалеку од лицето.
И секако, не стискајте ги акните за да не ја влошите состојбата.
Најдобар начин да се ослободите од нив е да користите средство што содр-жи глицеринска киселина или алфахидроксидна киселина.
Во текот на бременоста некои вени на лицето, вратот, градите и на рамени-ците стануваат позабележителни. Не грижете се, ќе исчезнат бргу по поро-дувањето. А ако останат и потоа, може да се третираат со ласер.
Ќе забележите дека бемките по телото, ареолите околу брадавиците и гени-талиите потемнуваат во бременоста. За тоа се виновни хормоните. И овие промени ќе исчезнат по породувањето. Но, ако забележите дека се менува формата на бемките и тие почнуваат да растат или да стануваат сомнител-ни, обратете му се на вашиот лекар за да бидете сигурни дека се е во ред.
Ако треба да се шминкате за време на бременоста, држете се до правилото - помалку е доволно. Побрзо е и полесно. Се што ви треба за да се разуба-вите се неколку повеќенаменски работи.
Коректор за покривање на подочниците и на црвенилото или за вечерни из-легувања. Моливчиња, кои нема да зафаќаат многу простор во чантата, за очите, усните и за образите.
А ако сте жена која не може да ја напушти куќата без кармин, тогаш бидете сигурна дека користите овлажнувачки кармин кој содржи и заштита од сон-це. За конечен изглед, завршете со водоотпорна маскара.
* Сите прашања и коментари поминуваат на процес за активација. Вашите прашања и коментари ќе бидат објавени веднаш по одобрувањето од страна на администраторите.
Olivera
15.07.2010 15:47
David Aleksoski
24.09.2010 13:58
Во продажба е јануарскиот број на Бебе Магазин. Во него читајте за: