Гестацискиот дијабетес се јавува кај 2 до 4 отсто од трудниците, а доколку не се лекува болеста може да настанат компликации, како за мајката, така и за детето. Најчесто се дијагностицира по 24. гестациска недела. Ова е редок, но и единствен вид на шеќерна болест која што е реверзибилна, односно се губи најчесто до шестата недела по породувањето.
Епидуралната анестезија е најприменувана и најуспешна регионална техника за намалување на болките при процесот на породување, која се смета за безбедна, како за мајката, така и за бебето. Нуди безболна и свесна состојба на родилката во текот на целото породување. Во државната Клиника за гинекологија и акушерство, оваа метода е бесплатна, но, сепак, не доволно позната кај голем дел од родилките.
Многу жени успеваат да ги поминат бременоста и породувањето со позитивна енергија, но не е ретка појавата многу од нив да чувствуваат како самодовербата им се намалува во постпородилниот период.
Во продажба е јануарскиот број на Бебе Магазин. Во него читајте за: