Варичелата е заразно заболување, кое најчесто се јавува кај деца од две до осумгодишна возраст, а се шири преку аерокапкова инфекција (кивање, кашлање, зборување) или преку директен контакт (допир) со заболеното лице. Обично инкубацијата трае од 10 до 20 дена, кога детето е заразно и ја шири инфекцијата.
Честото менување пелени е најдобар услов да се заштити бебето од појава на пеленско црвенило, кое главно се повлекува после три-четири дена. Во поразвиена фаза може да се создадат ранички на кожата, а доколку не се лекува на време, се остава простор да се развие и габична или бактериска инфекција. Осипот може да се јави и како резултат на чести течни столици, примање антибиотска терапија и алергија на некои видови храна.
Нормална хигиена, здрава исхрана, доволно сон и престој на отворено се најдобри сојузници во јакнењето на одбранбената сила на детето.
Во продажба е јануарскиот број на Бебе Магазин. Во него читајте за: